50 Cent
американски рапер, глумец, бизнисмен и ТВ-продуцент од Њујорк / From Wikipedia, the free encyclopedia
Куртис Џејмс Џексон III (р. 6 јули 1975 година[1]), подобро познат по неговото сценско име 50 Cент (транскрипција: Фифти-Сент) — американски рапер и глумец. Тој ја постигна својата слава со издавањето на неговите албуми “Get Rich or Die Tryin'” ( во 2003 година) и “The Massacre” (во 2005 година). “Get Rich or Die Tryin“ има 8 пати добиено платина од страна на Музичката Индустрија во Американската Заедница (МИАЗ) има распродадено преку 15 милиони копии ширум светот. Неговиот албум “The Massacre“ има 5 пати добиено платина од МИАЗ и има продадено 11 милиони копии.
50 Cent | |
---|---|
50 Cent, 2018 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Куртис Џејмс Џексон III |
Роден(а) | 6 јули, 1975 г. (48) |
Потекло | Јужна Јамајка, Квинс, Њујорк, САД |
Жанрови | Хип-хоп |
Занимања | Рапер |
Период на активност | 1999— |
Издавачи | Афтермат, Шејди, Интерскоп |
Соработници | G-Unit, Д-р Дре, Еминем, Гејм, Јанг Бак , Лојд Бенкс, Тони Јејо |
Мреж. место | 50cent.com |
Роден во Јужна Јамајка, Квинс, Џексон почнал трговија со дрога на 12 годишна возраст за време на епидемијата на крекот во осумдесеттите. Откако ја напуштил трговијата со дрога за да ја започне рап кариерата, тој бил застрелан и погоден со 9 куршуми за време на несреќа во 2000 година. По издавањето на неговиот албум “Guess Who's Back?” , во 2002 година Џексон бил откриен од раперот Еминем и потпишал договор со Interscope Records. Со помошта на Еминем и на Д-р Дре кој го обезбеди неговиот прв голем комерцијален успех, Џексон стана еден од светските рапери со остварена најголема продажба. Во 2003 година тој ја основал издавачката куќа G-Unit Records која потпишала договори со неколку успешни рапери како Јанг Бак, Лојд Бенкс, и Тони Јајо.
Џексон се вмешал во караница со други рапери меѓу кои Џа Рул, Фет Џо, Џадакис, Кам’рон, Рик Рос и поранешните членови на Џи Јунит, Д Гејм и Јанг Бак. Тој исто така продолжил со глумечка кариера, појавувајќи се во полуавтобиографскиот филм “Get Rich or Die Tryin'“ во 2005, во филмот за војната во Ирак насловен “Home of the Brave“ во 2006 година, и во филмот “Righteous Kill“ во 2008 година.
Џексон продал над 30 милиони албуми и освоил неколку награди, меѓу кои: Греми награда, Еми награда за серија во ударен термин, тринаесет Музички награди од Билборд, шест Светски музички награди, три Американски музички награди и четири награди БЕТ.[2] Списанието Билборд го рангирало 50 Сент на шесто место на нивниот список „Најдобри изведувачи во 2000-те“,[3] а во 2023 го ставило на 17-то место на списокот „50 најдобри рапери“.[4] Ролинг Стоун ги рангирал Get Rich or Die Tryin' и „In da Club“ на неговите листи од „100 најдобри албуми од 2000-тите“ и „100 најдобри песни од 2000-тите“ на 37 и 13 место, соодветно.[5][6]