Алва
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алва — вид слатко, кое постои во повеќе варијанти низ Блискиот Исток, Јужна Азија, Средна Азија, Западна Азија, Кавказот, Северна Африка, Балканот, Средна Европа, Источна Европа, Малта и низ еврејската дијаспора. Идентични слатки постојат и во други земји, како Кина, иако не се нарекуваат како „алва“.
Кратки факти Дел од оброкот, Место на потекло ...
Алва од гриз | |
Дел од оброкот | Десерт |
---|---|
Место на потекло | Авганистан, Албанија, Ерменија, Азербејџан, Бангладеш, Белорусија, Босна, Бугарија, Кина, Хрватска, Кипар, Египет, Грузија, Грција, Индија, Иран, Ирак, Израел, Јордан, Кенија, Литванија, Либија, Македонија, Малта, Молдавија, Пакистан, Палестина, Полска, Романија, Русија, Србија, Сомалија, Сирија, Турција и Украина. |
Главни состојки | Од брашно: разни типови брашно и шеќер Од сусам: таан и шеќер |
Затвори
Во суштина може да има два вида:
- Засновани на брашно
- овој вид на алва е малку желатинизирана и се прави од брашно, вообичаено гриз.
- Засновани на таан
- овој вид на алва е трошлив и се прави од таан (паста од сусам) или други путери, како сончогледово семе.
Алвата исто така, може да биде врз основа на разни други состојки, вклучително грав, леќа, и зеленчук како моркови, тикви, компир.[2]
Може да се чува на собна температура со мал ризик за расипување. Меѓутоа, во летните месеци, најдобро е да биде чувана во фрижидер.