Евровизија 2008
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евровизија 2008 беше 53-тиот натпревар за најдобра песна на Евровизија, чиј домаќин беше Србија. Двете полуфинални вечери беа одржани на 20 мај и 22 мај 2008, а финалната вечер на 24 мај во главниот град на Србија, Белград. На овој натпревар оваа година се натпреваруваа 43 земји, од кои за првпат имаа чест Азербејџан и Сан Марино. Натпреварувањето беше одржано во Белградска Арена, која има капацитет од 20.000 седишта. Србија доби право на организирање на натпреварот со победата на Марија Шерифовиќ на Евровизија 2007, во финскиот град Хелсинки. Одговорна телевизија на овој натпревар беше Радиотелевизија Србија (РТС). Победник на манифестацијата беше Русија, со пејачот Дима Билан и насловната нумера "Believe" која освои 272 бодови. На второ место се пласира Украина додека на трето Грција.
Евровизија 2008 | |
---|---|
Датум | 20 мај (1ПФ) 22 мај 2008(2ПФ) 24 мај 2008 (Финале) |
Домаќин | Србија РТС |
Локација | Белградска Арена,[1]Белград, Србија |
Презентери | Јована Јанковиќ Жељко Јоксимовиќ |
Победничка песна | Русија "Believe" |
Гласачки систем | Гласањето се врши во секој земја учесник преку телевотинг или смс. Секоја земја доделува бодови од 1-8, 10 и 12.[2] |
Број на земји | 43, 19 во секое полуфинале, 25 во финале, по 10 од секое полуфинале, |
Земји кои прв пат настапуваат | Азербејџан Сан Марино |
Земји кои се вратиле | нема |
Земји кои се откажале | Австрија |
Нула бодови | нема |
Настап во интермецо | Горан Бреговиќ, (финале) Метропол Оркестар, Слободан Тркулја, Балконополис (1ПФ) Национален Театар во Белград (2ПФ) |
Настап кој го отвора натпреварот | Марија Шерифовиќ со „Молитва“ (финале) Video Killed a Radio Star (1ПФ) Serbia for beginners заедно со Константин Костјуков (2ПФ) |
На 15 јануари 2008 беше официјално отворена мрежната страница за оваа Евровизија, и за првпат Eurovision.tv преку ESCTV посетителите ќе имаат можност да ги следат сите национални избори во живо како и главните вечери. На 30 јануари 2008 беше претставено логото и слоганот за Евровизија 2008 кој гласи „Мешавина од звук“ или „Confluence of Sound“.
Поради протестите во Белград, поради прогласувањето независност на Косово, на 22 февруари 2008 беше најавено дека е можно преместување на манифестацијата во друга земја. Украина беше земена како опција, поради тоа што таа минатата година го зазема второто место. Финска и Грција исто така се понудија да ја организираат манифестацијата. Но, на крајот беше одлучено манифестацијата да се одржи во Белград, со поддршка на ЕБУ.