Змијоносец (соѕвездие)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Змијоносец — големо соѕвездие која се протега низ небесниот екватор. Името доаѓа од грчкиот Ὀφιοῦχος Ophioukhos; "змијо-носител". Најчесто е претставено како човек кој држи змија. Соѕвездието Змијоносец е познато уште од времето на астрономот Птоломеј. Порано ова соѕвездие се нарекувало со латинскиот поим Serpentarius, што има исто значење како и старогрчкиот збор.
Кратки факти Кратенка, Генитивно ...
лат. Ophiuchus | |
Кратенка | Oph |
---|---|
Генитивно | Ophiuchi |
Ректасцензија | 17 ч. |
Деклинација | 0° |
Површина | 948 (°)² (11-то) |
Главни ѕвезди | 10 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 62 |
Ѕвезди со планети | 4 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 5 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 8 |
Најсјајна ѕвезда | α Oph (Расалхаг) (2,1m) |
Најблиска ѕвезда | Барнардова Ѕвезда ( сг, пс) |
Месјеови објекти | 7 |
Метеорски дождови | офјухиди северни мајски офјухиди јужни мајски офјухиди тета-офјухиди |
Соседни соѕвездија | Херкул Змија (Глава) Вага Скорпија Стрелец ЗмијаNa Орел |
Видливо на ширина од +80° до −80°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јули. |
Затвори
Змијоносец спаѓа во зодијачките соѕвездија поради тоа што Сонцето минува низ него во текот на својот годишен курс, но сепак ова соѕвездие не е вклучено меѓу останатите дванаесет астролошки знаци од страна на астролозите.[1]