Шведски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шведски јазик (svenska) — северногермански јазик од семејството на индоевропски јазици, кој се зборува од околу 10 милиони луѓе,[2] воглавно во Шведска и Финска. Јазикот е сроден и многу сличен со норвешкиот и данскиот. Шведскиот моментално е најголемиот северногермански јазик по број на говорници.
Шведски јазик | |
---|---|
svenska | |
Изговор | [ˈsvɛ̂nskâ] |
Застапен во | Шведска, Финска |
Подрачје | Скандинавија |
Говорници | 8,7 милиони (2007)[1] |
Јазично семејство | индоевропско
|
Претходни облици: | старошведски
|
Писмо | латиница (шведска азбука) |
Статус | |
Службен во | Шведска Финска Европска Унија Нордиски совет |
Регулативен орган | Совет за шведскиот јазик (во Шведска) Шведска Академија (во Шведска) Истражувачи институт за јазици во Финска |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | sv |
ISO 639-2 | swe |
ISO 639-3 | swe |
Linguasphere | 52-AAA-ck to -cw |
Главна територија каде се зборува шведскиот. |
Стандардниот шведски е национален и службен јазик во Кралството Шведска и се заснова на централношведските дијалекти. Шведскиот е службен јазик и во Финска. Стандардната норма почнала да се развива во 19 век, а веќе во раниот 20 век бил стандардизиран. Зборовниот редослед на шведскиот јазик е подмет-прирок-предмет, но овој редослед може понекогаш и да се измени. Шведската морфологија е слична со англиската, односно јазикот има неколку инфлекции, два рода, два падежа и два броја. Во јазикот постојат номинативот и генитивот, но можат да се пронајдат и остатоци од акузативот и дативот.