Зимски олимписки игри 2014
From Wikipedia, the free encyclopedia
XXII Зимски олимписки игри — зимски олимписки игри коишто се одржале од 7 до 23 февруари 2014 во Сочи, Русија,[1] додека некои настани се одржале во зимското одморалиште Краснаја Полјана.
XXII Зимски олимписки игри | |
---|---|
Официјално лого на Зимските олимписки игри 2014 | |
Град-домаќин | Сочи, Русија |
Гесло | „Жешки. Зимски. Твои.“ |
Земји-учеснички | 88 |
Натпреварувачи | 2.871 |
Натпревари | 98 од 7 спортови |
Свечено отворање | 7 февруари |
Свечено затворање | 23 февруари |
Отворена од | Владимир Путин |
Натпреварувачка заклетва | Руслан Захаров |
Судиска заклетва | Вјачеслав Веденин |
Олимписки оган | Владислав Третјак Ирина Роднина |
Стадион | Олимписки стадион |
На игрите се одржале 98 настани во 15 зимски спортски дисциплини. Олимписките и Параолимписките игри 2014 биле организирани од Организацискиот комитет Сочи. Сочи бил избран како град-домаќин во јули 2007, во текот на 119. заседание на МОК одржано во Гватемала.[2] Олимпијадата во Сочи била првата Олимпијада во Русија од распадот на СССР, кој бил домаќин на Летните олимписки игри 1980 во Москва.
Настаните од Зимската олимпијада 2014 се одржале на две места во нови објекти; Олимпискиот парк бил изграден во Имерентинската долина на брегот на Црното Море, додека Олимпискиот стадион и другите затворени објекти се наоѓале во близина, додека настаните на отворено се одржувале во Краснаја Полјана. Во подготовката за игрите, организаторите се насочиле на осовременување на телекомуникациите, електричната енергија и сообраќајната инфраструктура на областа. Иако првично се планирале 12 милијарди долари, различни фактори предизвикале буџетот да се зголеми на неверојатни 51 милијарда долари, надминувајќи ги проценетите 44 милијарди трошоци на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг како најскапи олимписки игри во историјата.[3]
Организацијата на Зимските олимписки игри 2014 биле вознемирена од неколку големи скандали, вклучувајќи ги обвинувањата за корупција кои довеле до сериозно покачување на трошоците, заедно со загриженоста на политичарите и спортистите за забраната на „пропаганда на нетрадиционални сексуални врски“ на Игрите.